Unionnet
Унионнет е компанија со долгогодишно искуство во областа на финансиски услуги, една од компаниите во групацијата Union Group основани од страна на Unioni Financiar Tiranë во Албанија, Косово, Македонија, Швајцарија и Хрватска. Меѓу првите дејности на компанијата е трансферот на пари преку локалната мрежа на агенции и преку глобалната мрежа на Western Union, како и услуги на платен промет во земјите од регионот. Денес дејностите на Унионнет се протегаат низ разни области, вклучувајќи го тука и градежништвото. Актуелен проект е партнерството во Скопје Ист Гејт, прв проект од ваков тип кај нас, кој опфаќа трговски центар, станбен комплекс и деловен парк со цел воведување нови и модерни стандарди на урбаниот живот. Унионнет е дел од East Gate Living, инвеститор во изградбата на зградата А1 на станбениот комплекс, дел од станбената површина од 201.000 м2, меѓу 1.600 станбени единици.
Union Group, кадешто припаѓа и Унионнет, претходно има инвестирано и во други градежни проекти во Албанија и Косово. Резиденцијалниот комплекс Платеа (www.rezidencaplatea.al) е еден од тие проекти. Се залагаме за спојување на нашата визија за развој на проекти вредни за нашите клиенти, заедно со нашата мисија да обезбедиме квалитет и долговечност на завршените проекти. За таа цел ги користиме сите расположливи ресурси, вклучувајќи го персоналот, финансиските ресурси, потребното искуство и логистичките капацитети. Постојаниот напредок во проширувањето и зајакнувањето на мрежата на UnionNet и новите проекти, обезбедуваат сериозна мотивација за сите компании од семејството на Union Group. Нашата мисија: да создадеме за нашите клиенти квалитетен производ по поволни цени во разумно време.